Пандемија од лажни вести ги преплави јавната и медиумската сцена. Креаторите на овие вести без разлика дали се некакви медиуми или поедници на социјалните мрежи свесно ја дезинформираат јавноста и во екстремно чувствителна ситуација создаваат страв и паника кај луѓето. Лажните вести во време на корона кризата се шират многу побрзо од останатите, дури и од самиот вирусот.
Лажните вести правата огромна штета и често се поттикнати од политичари, лекари, етаблирани интелектуалци кои пропагираат разни теории на заговор дека вируст не постои, или пак потекнува од еден центар на моќ. Таквите дезинформации се мамка за граѓаните.
И тоа што се случува на социјалните мрежи каде се споделуваат измислени или неточни инфоромации, делува вознемирувачки и деструктивно на граѓаните и го одвлекува нивното внимание од вистинските информации.
Има ли решение, како да се справиме со напливот од лажни вести и штетата која ја предизвикуваат тие во време на пандемијата со коронавирусот.
Еснафските новинарски организации спас гледаат во медиумската писменост. ЗНМ покрај со новинарите работи на медиумско описменување на граѓаните преку најразлични форми, како што се кратките видеа.
Владата најави борба со лажните вести, а МВР соопшти дека ширењето на лажни вести ќе биде законски санкционирано
И покрај дискусиите трибините, обуките, написите за медиумска писменост- лажните вести имаат доминантно место на пазарот со информации и му нанесоа тежок удар на професионалното новинарство. Но, борбата за вистинските информации да си го добијат приматот, продолжува.