25 минути

„Дајнерс“ од денес во целосна сопственост на Божидар Јанковски

Друштвото „Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ“ од денеска е во целосна сопственост на извршниот директор Божидар Јанковски. Ерсте Кард Клуб д.о.о. Загреб, Хрватска го продаде целосниот удел.

Ова е исклучително признание за работата на Динерс Клуб во нашата земја. Заради одличните резултати на менаџментот на компанијата во изминатите 20 години, ја добивам оваа ретка можност како приватно лице да бидам сопственик на компанијата која продолжува да работи под франшизата на Diners Club International Ltd. Ваква соработка е вистинска реткост и потврда на фактот дека компанијата со години бележи одлични успешни резултати и раст.“ изјави Јанковски.

Според него, приоритети во блиска иднина се воведување на нови можности и продуктии и забрзан развој на дигитализација на услугите и производите.

Со купувањето на уделот, Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ станува директен сопственик на франшизата, со склучување на франшизен договор со Diners Club International Ltd. Со ова се презема ексклузивното право за издавање на Динерс Клуб картичка, како и можноста за понатамошен развој и работење на брендот во Република Северна Македонија.

По промената на сопственоста, нема да има промени во името и седиштето на компанијата, како и во обврските на компанијата. Не се менуваат ниту договорните обврски и права на и кон клиентите и коминтентите.