25 минути

Функционери и верски лидери -носат препораки и мерки, а самите ги кршат

Неодговорно однесување и непочитување на мерките за време на пандемија од страна на политичките елити – тоа се оние кои носат препораки и закони . Вакви случаи не се инцидентни кај политичари, високи функционери, партиски и верски лидери и создаваат револт кај граѓаните.

Во време на полициски час кога граѓаните седеа дома, верските лидери повикуваа на масовност во храмовите, литии, молитви во џамиите.

Во изминатиот период бевме сведоци кога политичари и партиските лидери се однесуваа крајно неодговорно и спротивно на препораките кои им ги упатуваат на граѓаните.

Социјалните мрежи, веб порталите беа преплавени со фотографии на политичари, на партиски лидери без маски или дистанца како што беше при победата на СДСМ на локалните избори во Штип, за време на полициски час лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски го сликаа како влегува и излегува во фитнес клуб, а поранешниот поглавар на ИВЗ ја прогласи короната за мртва.

Последниот случај со високи функционери на ДУИ кои славеа роденден на нивниот лидер во Министерството за политички систем и се сликаа без маски и дистанца предизвика бура од реакции во јавноста.

МПЦ и ИВЗ кои тешко се прилагодија на кризата со пандемијата сега повикуваат на почитување на мерките, да се празнува одговорно- но во исто време, не се откажуваат од своите верски ритуали, кои според медицината и науката преставуваат опасност од ширење на вирусот. Од причеста со лажичката не се заразил никој досега- дециден е отец Бобан Митрески.

Се заврши со казни од 20 евра за функционерите на ДУИ, за министерот Груби  500 евра бидејќи го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести. За морална одговорност и оставки никој не помислува.

Побаравме официјален став за овој случај, но од кабинетот на министерот Груби одговорија дека немал време -му била набиена агендата, а на прашањето не одговори ниту министерот Османи.

Никој не може да биде над законот, особено не во оваа ситуација на пандемија. И политичарите и духовните лидери се со статус на граѓани и тие подлежат на граѓански прописи, вели Ана Чупеска професорка на Правниот факултет.

МПЦ и ИВЗ кои тешко се прилагодија на кризата со пандемијата сега повикуваат на почитување на мерките, да се празнува одговорно- но во исто време, не се откажуваат од своите верски ритуали, кои според медицината и науката преставуваат опасност од ширење на вирусот.

Но, високи свештени лица починаа од опасниот вирус во Црна Гора и Србија, а пошироката јавност беше згрозена од целивањето на нивните мртви тела, дури и од деца.

Митрополитот Петар смета дека е лудост да се мисли дека некој од свештените лица се заразил од причеста. Тој потстетува на неодговорното однесување на политичарите кои ги кршат мерките што сами ги донеле.

Ваквата став го наметнува прашањето дали црквата се поставува над државата и дали политичарите се недопирливи, над граѓаните. Пандемијата со коронавирусот ги исфрли на површина сите негативности од тие кои треба да бидат пример за граѓаните.