Судии, обвинители, функционери- сите оние категории што трошат јавни пари – многумина од нив се збогатуваат преку ноќ, необјасниво, затоа што потеклото на имотот не е утврдено. Располагаат со куќи, станови, викендици, уметнички слики, накит, пари во банки или пак имаат огромни кредити кои е невозможно да ги исплаќаат од платите.
Нивните сегашни и претходни примања не се објавуваат транспрентно, со што не може да се види дали со платите можат да си дозволат толкаво богатство. ДКСК откри дека најимотните троца седат во Врховниот суд, а антикорупционерите ги проверуваат податоците на околу 500 судии. 17 ОД НИВ добиле прекршочни казни бидејќи не ја пријавиле имотната состојба.
Во емисијата 25 минути гостуваа професорките Мирјана Најчевска и Гордана Бужаровска, новинарката Сашка Цветковска, министерот за правда, Бојан Маричиќ и Аугустин Палокај, дописник на Јутарњи лист од Брисел.