25 минути

Правдата порозна и слепа: Побегнаа многу звучни имиња – кој верува во случајности?

Од затвор, притвор или за време на судски процес- бегствата станаа второ име на правдата. Многу познати имиња низ годиниве од политичката сцена длабоко инволвирани во организиран криминал или коруција, но она што е најважно- со високи политички и безбедносни функции -избегаа од државата, а со тоа и од лицето на правдата.

Случајот со Сашо Мијалков неделава експлодираше пред очите на целата јавност- од сознанијата за бегство на обвинителката Вилма Русковска до распишаната потерница на МВР-  поминаа три денаСе развлекуваа и се трошеа драгоцени часови- но, се беше безуспешно- Мијалков побегна по целата рашомонијада на надлежните институции.

Гости во 19-тото издание на 25 минути се Натали Петровска, извршна директорка на Коалиците „Сите за правично судење“, Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕСЧП и извршна директорка на Институтот за човекови права, Николај Крастев, новинар (Софија, Бугарија) и Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски функционер.

За да не следите онлајн:

Instagram
Facebook