Долготрајната криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот предизвика загриженост, страв, но и нарушување на психичкото здравје кај луѓето. Мерките за заштита, носењето маски, изолацијата и социјалната дистанца од пријателите и роднините која трае цела година ги промени луѓето и нивниот начин на живот, така што осаменоста и фрустрациите во голема мера се одразија врз психичкото здравје. Стравот од вирусот, порастот на менталните проблеми кај ризичните групи, но и последиците кои ги предизвикува Ковид 19 укажуваат дека здравствените системи во наредниот период треба да се насочат кон зајакнување на психијатриската дејност.
Гости во 21-то издание на емисијата 25 минути се психијатрите Славица Арсова, Васка Митова и Стојан Бајрактаров, директор на Клиниката за психијатрија и новинарката Милица Богдановиќ од Подгорица која зборуваше за моменталната состојба во Црна Гора. Гледајте 25 минути, во недела, после вестите во 17 часот, на ТВ 24.