25 минути

Прилог на Менче Точи: Стапката на семејно насилство се зголемува за време на полициски час

Анализата на Министерството за труд и социјална работа покажала драстично зголемување на бројот на нови насилници во првиот квартал на 2020, од март до јуни, точно во периодот додека беше полицискиот час. Во третиот и четвртиот квартал забележале благо опаѓање. Но, евидентно е зголемувањето во однос на претходната 2019 година.

Вкупниот број на нови евидентирани жртви на семејно насилство во 2019 година изнесува 1154, а во 2020 година бројот се зголемил на 1531 жртва, односно за 337 нови случаи повеќе. Најзастапено е психичкото и физичкото насилство, а помалку е присутно економското и сексуалното насилство, велат од Министерството за труд и социјална работа.