Скоро 20 000 македонски граѓани од минатиот петок до среда ја поминале границата со Србија, покажуваат официјалните податци на МВР. Се претпоставува дека многумина од нив биле таму да се вакцинираат откако северниот сосед ги отвори вратите за вакцинација за странски државјани без претходна пријава.
Во последното издание на 25 минути, за процесот на вакцинација во Србија и за континуираното вакцинирање на лица од државите на Западен Балкан во Србија, особено во Ниш и Белград, Биљана Секуловска разговараше со д-р Александар Ивковиќ кој живее и работи во Ниш.