Четири месеци откако светот и Европа започнаа со масовна вакцинација против Ковид 19, нашата држава не успеа со сопствен напор да обезбеди вакцини. Од многуте најави, разни датуми и ветувања немаше ништо-стигнаа само 8 000 вакцини од Фајзер донација од Србија и 3000 од Спутник, од Русија наменети за здравствените работници. Силно погодената економијата мораше да се снаоѓа – 2100 луѓе како приоритет од 1000 компании се вакцинираа во Ниш, преку Стопанската комора, а во организација на Коморскиот инвестициски форум. Стопанската комора на Србија обезбеди 10 000 вакцини за компании од шест држави од западен Балкан чии економии се зависни од други.
Гости во најновото издание на емисијата 25 минути се Петар Арсовски, ПР експерт, д-р Александар Ивковиќ (Ниш, Србија), Татјана Стерјова Душковска, Коморски инвестициски форум и Љубиша Николовски, новинар.