25 минути

Царовска: Со дигитализација до поголема конкурентност на пазарот на трудот на идните генерации

Дигитализацијата е дел до глобализацијата и нашите ученици мора да ги совладаат тие вештини за да не заостанат и да бидат дел од конкуренцијата. Индексот на Светска банка покажа дека 56 проценти од нашите ученици ќе бидат продуктивни. Тоа треба да не загрижи и сметам дека со дигитализацијата на учебниците нема да има раслојување на учениците, напротив дигитални уреди ќе добијат сите кои досега немале или потекнуваат од социјално ранливи семејства, вели во интервју за 25 Минути, министерката за образование Мила Царовска. Таа говори и за состојбата во училиштата и за првпат ја претстави целосната слика колку од нив се руинирани и во лоша состојба, колку се реновирани и што се планира понатаму.