25 минути

АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО НА ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА

Влажните марамчиња Becutan се производ од портфолиото на брендот, за првпат воведени на пазарот во 2006 година, изработени според оригинална рецептура на фармацевтските експерти од „Алкалоид“. По 15 години нивно производство надвор од земјава, денес е пуштен во употреба капацитет во кој целосниот процес ќе се спроведува во погоните на компанијата на локалитетот „Лафома“ во Ѓорче Петров. 

Технолошката и производствената опрема се набавени од Хрватска и од Турција, а во изведбата на проектот беа вклучени десетина македонски компании. Новата линија овозможува пакување од 5 до 150 влажни марамчиња, со капацитет од 120 единици спакуван производ во минута. 

„Оваа инвестиција, чија вредност е близу 4 милиони евра, ја започнавме во март 2020 година. Таа опфаќаше приспособување на производствениот и на складишниот простор со вкупна површина од 3.200 м2, во кој е сместена целосно автоматизирана и роботизирана процесна и технолошка опрема. Максималниот годишен капацитет на оваа инвестиција е 50 милиони парчиња производ, изработени во согласност со строгите нормативи за добра производствена пракса и со европската регулатива за козметика. Особено ни е драго што сиот процес на производство на најпродаваниот производ од портфолиото Becutan, влажните марамчиња, целосно ќе се изведува во нашите погони, според светски стандарди“, изјави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. 

Самиот процес на производство започнува со добивањето прочистена вода, па следуваат приготвувањето на емулзијата за влажни марамчиња, процесот на навлажнување, сечењето, пакувањето на марамчињата во фолија и роботизираната линија за пакување во кутии. Приготвувањето на сопствената формулација за лосионот што се користи во марамчињата се врши во специјални мешалки со капацитет од 12.000 литри во една смена. Опремата е способна да го детектира секое пакетче од влажните марамчиња кое не одговара на пропишаниот норматив и автоматски да го отстрани. На таков начин се обезбедува постојан квалитет на производот и негово континуирано набљудување.

Becutan е водечки бренд за детска козметика на македонскиот пазар, познат и признат и на пазарите во регионот, со традиција од 43 години, присутен на пазарите во 25 земји. 

Промо текст