Познатиот меѓународен деловен весник „Фајненшл тајмс“му ја додели на БАТ титулата лидер во заштитата на климата (Climate Leader) меѓу европските компании. Списокот на „Фајненшл тајмс“, кој го состави истражувачкото друштво „Статиста“, покажува дека европските компании вложуваат значителни напори во борбата против климатските промени.
Во својот најнов извештај за одржливо работење (извештај за еколошкото, општественото и корпоративното управување за 2020 година), БАТ се обврза да постигне јаглеродна неутралност во целиот свој синџир на вредности до 2050 година. Покрај намалувањето на јаглеродниот отпечаток, компанијата си постави цел да користи 30 отсто рециклирана вода до 2025 г., како и да сертифицира 100 отсто од своите производни локации со сертификат издаден од Сојузот за управување со води (AWS) во истиот временски период.
– БАТ е исклучително посветен на тоа да биде одговорна компанија и да го намали своето влијание врз животната средина. Многу сме задоволни што „Фајненшл тајмс“ нѐ прогласи за едни од лидерите меѓу компаниите што ја предводат борбата против климатските промени – изјави Кингсли Витон, главен директор за маркетинг на БАТ.
Еколошкото, општественото и корпоративното управување е клучен дел од корпоративната стратегија на БАТ за изградба на подобро утре – со намалувањето на влијанието на своето работење врз здравјето, нудејќи им на потрошувачите поголем избор на помалку ризични производи („Подобро утре“). На тој начин, компанијата вложува и во подигнување на стандардите на одржливо работење. Ова последно признание на „Фајненшл тајмс“ е само едно од многубројните признанија за напорите што друштвото ги вложува во одговорното работење.