25 минути

Делта сој: Закана која може да се спречи само со вакцинирање


Новиот сој на КОВИД-19, познат како делта или индиски се рашири во 92 земји и предизвика страв од можен четврт бран во светот. Оваа варијанта е многу позаразна од сите нови мутации, како и од британскиот, алфа сој и првичниот кој се појави во Вухан, и се пренесува многу побрзо. Експертите сметаат дека неминовно е вирусот да се рашири и во Македонија, иако сегашната состојба е стабилна, а опасноста лежи кај младите кои ќе го пренесуваат преку дружења, а не се вакцинирани.

Гости во 25 минути се Мери Киријас, имунолог во Институтот за имонологија, Злате Мехмедовиќ, пулмолог, ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Зоран Стевановски, поранешен новинар на БИ-БИ-СИ, Лондон, Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и Драган Даниловски, епидемиолог.