Говор на омраза – зошто не се санкционира?
Во најновото издание на 25 минути, разговаравме за говорот на омраза и социјалните медиуми кои станаа мека за ксенофобија, линч и хајки, како и нетрпеливост кон мигрантите, маргинализираните групи, јавните личности и нивните семејства.
Гости во 25 минути се Љубомир Јовевски, Јавен обвинител на Македонија, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Снежана Трпевска, комуниколог, Драган Секуловски, директор на ЗНМ, и Марко Милосављевиќ, шеф на катедрата на Факултетот за новинарство при Универзитетот во Љубљана, Словенија.