25 минути

Зошто Македонија е на врвот на Ковид смртност во светот?

Македонија е во самиот светски врв на листите во однос на стапката на смртност предизвикана од Ковид-19 на 100.000 жители. Тоа го потврдуваат светските анализи направени на оваа тема, но и извештаите на Министерството за здравство. Не само што се поголем број на млади ја губат битката со вирусот, земјата бележи и раст на бројот на починати во домашни услови. Кои се причините поради кои Македонија не може да излезе од црните листи, но и зошто не се слушаат апелите на здравствените власти за вакцинација која е клучна во борбата со вирусот се дилемите кои се актуелни периодов во јавноста.

Гости во 25 минути оваа недела се Харис Бабачиќ, епидемиолог, Каролинска Институт во Стокхолм, Шведска, Венко Филипче, министер за здравство, Др. Илчо Ефкоски, трудова медицина и Др.Злате Мемедовиќ, пулмолог.