Најава за енергетска криза во земјава – колку граѓаните ќе бидат погодени?
Од вторник оваа недела, на владина седница се очекува барање за прогласување на енергетска кризна состојба во Северна Македонија. Дали ќе има рестрикции и кои ќе бидат чекорите на владата со кои ќе се ублажи ударот врз граѓаните, но и врз државата?
Додека дел од експертите сметаат дека состојбата со струјата во земјата е алармантна, министерот за економија Крешник Бектеши упатува смирувачки пораки и образложенија дека не станува збор за криза туку за законски измени и дополнувања на уредбата за кризна состојба при недостаток на струја.
Гости во 25 минути се Крешник Бектеши, министер за економија, Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, професорот Антон Чаушевски и Константин Димитров, експерти по енергетика и Ерван Фуере, поранешниот ЕУ дипломат во Македонија, од Даблин, Ирска.