25 минути

Македонија стана дел од цивилизираниот свет- збогум за пластичните кеси

Пластичните ќеси заминуваат во историјата. Веќе официјално, на потрошувачите наместо 2 денари за пластичната ќеса, во маркетите започна да им се наплаќа по 15 денари за биоразградлива ќеса. Дали новата регулатива на владата ќе стави крај на пластичниот отпад и ќе допринесе поголема здравствена заштита на населението како што велат тие, или ќе предизвика нови проблеми за граѓаните?

Колонијалите, маркетите, бутиците, угостителските и другите трговски субјекти во Македонија започнаа со наплата по 15 денари за биоразградливи кеси, обврска што ја предвидува Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Со овој закон се забранува употребата на пластичните ќеси во земјава, а се дозволува употреба на т.н. биоразградливи ќеси кои се произведени согласно пропишаните еко стандарди за биоразградливост.

Гости во најновото издание на 25 минути се Снежана Василевска од иницијативата „Стоп за пластични ќеси“, Борче Кузмановски, координатор во Здружението на граѓани „Биди зелен“, Ана Каранфилова од Министерството за животна средина и просторно планирање и Тони Поповски од Брисел, Белгија, меѓународен консултант за животна средина, поранешен министер за животна средина во Македонија.