25 минути

АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА СОПСТВЕН ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА И ЗА ОБУКИ

Човечкиот потенцијал има огромно значење за растот и за развојот на „Алкалоид“ АД Скопје, а професионалниот пристап во работењето, просперитетот на компанијата и нејзиниот кредибилитет се должат на децениското инвестирање во компаниското начело „Луѓето пред сѐ“. 

Во изминативе 15 години бројот на вработени во Групацијата„Алкалоид“ порасна од 1.200 на 2.500. Децениските инвестиции во едукација на македонските лекари и фармацевти, неодамнешните програми за практикантство, најновиот потфат за парцијално дуално образование и слични проекти наметнаа потреба од формирање сопствен центар за едукација и за обуки во рамките на компанијата, кој ќе служи за изведување вежби, проби и за обучувања на компанискиот кадар, на практикантите и на учениците. 

„На простор од околу 1.000 квадратни метри, кој за неполни 8 месеци го приспособивме, осовременивме и го опремивме во согласност со најновите барања за добра лабораториска пракса, вработените во компанијата, практикантите и учениците ќе имаат можност во современи простории да ги надградуваат своите знаења и да ги усовршуваат своите вештини. За оваа инвестиција ‘Алкалоид’ досега вложи над 1 милион евра, а во иднина овој објект ќе се проширува и ќе се надградува за да прерасне во современ центар за едукација, кој целосно ќе ги опслужува барањата на динамичните научни дисциплини со кои работиме“, рече Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. 

Центарот за едукација и за обуки е изведен со целосна енергетска ефикасност, а инсталираните системи се со напој од обновливи извори на енергија, односно имаат ниско влијание врз животната околина. Ворамките на едукативниот центар се наоѓа тренинг-лабораторија, која опфаќа централна лабораторија, просторија за обработка на податоци, посебни простории за прецизни ваги и за ултразвучни бањи, двепредавални и други помошни простории, со кои се обезбедуватехнолошка целина за нормално работење на околу 50 кадри.