Ниту оваа влада на Ковачевски не се откажува од партизирана администрација
За пет години, администрацијата се зголемила со 32.000 нови вработени лица според бројките на Државниот завод за статистика. Во услови на криза кога македонската економија креира малку за да може да троши многу – дилема е како премиерот Димитар Ковачевски ќе го оствари ветувањето дека ќе се намали бројот на вработените во институциите за 20%, истите ќе се реформираат, а граѓаните ќе добијат стручен, ефикасен и транспарентен јавен сервис.
Општо мислење за јавната администрација е дека таа е партизирана, некомпетентна, корумпирана, мрзлива и растечка рана во сите годишни буџети. Сега, одговорноста на новата Влада е да стави крај на партизацијата и новите вработувања во институциите, ветување кое го даде и премиерот Ковачевски и се заложи за реформирање на јавниот сектор во вистински сервис за граѓаните.
Гости во 25 минути се Ацо Костов, сменет директор во Управата за заштита на културното наследство, професорот Борче Давитковски, Правен факултет при УКИМ, Неда Малеска, Центар за управување со промени, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, и од Нанс, Франција – новинарот Тони Гламчевски, дописник на МИА.