Зошто 58% од младите во Македонија сакаат да заминат од државава?
Младите се незадоволни од своето место во државата, се поголем број од нив сакаат да ја напуштат Македонија. Неверојатни 58% од младите велат дека би се иселиле од земјава, а 64,8% се незадоволни од своето место во општеството. Ова се само дел од загрижувачките резултати од студијата на Фондацијата за Демократија на Вестминстер направена врз околу 1.000 испитаници.
Резултатите од пописот покажаа дека за 20 години вкупното население во Македонија се намалило за 185.834 лица или за 9,2%, додека податоците од истражувањето на Фондацијата за Демократија на Вестминстер говорат дека 58% од младите во земјава сакаат да заминат во странство.
Иако одливот и иселувањето од Македонија најчесто се поврзуваат со потрага по заработувачка, сепак последните анализи покажуваат дека причините зошто младите имаат недоверба во својата држава и заминуваат надвор од неа се многу посуштински и подлабоки.
Гости во новото издание на 25 Минути се Петар Барлаковски, претседател на МОФ, Блажен Малевски од Реактор, Лука Павичевиќ, претседател на Сојузот на средношколци и Мартин Демировски, консултант, Брисел, Белгија.