Зошто големите сили не вршат притисок врз Бугарија за решавање на спорот со Македонија?
Откако се реши грчкиот спор околу името, сега и српскиот спор со Српската православна црква (СПЦ) кој заврши со долгоочекуваното помирување со Македонската православна црква (МПЦ) останува отворено уште бугарското прашање. Уште еднаш се потврди тезата дека нема волшебно стапче за решавање на споровите со соседите. Само политичката волја и сериозниот притисок од големите сили се единствениот начин на решавањето на националните прашања од кои зависи евроатланската иднина на Македонија.
Беа потребни само шест денови за да се премостат 55 години поминати во расправија и во докажување на историските и канонските права меѓу двете цркви – македонската и српската. Најчестиот збор што уследи по одлуката на 24 мај е „изненадување“, иако следот на настаните сугерираше дека чинот не е случаен, туку резултат на црковна и политичка дипломатија и извесен период на разговори.
Гости во 25 минути се Петар Арсовски, политички аналитичар, Андреја Богдановски, докторанд на Универзитетот во Бакингем, Британија и Горан Јанев од Брисел, Белгија, антрополог и политиколог.