25 минути

Во овие трезвени моменти на срам

Во овие непријатни моменти на срам, ви го презентирам официјалниот документ на Владата- сочувство за смртта на Нејзиното Височество, Кралицата Елизабета Втора.

Во овие 30 години како работам како новинарка, не сум прочитала ваков официјален владин документ.

Се надевам дека во Владата сепак ненадејно ќе блесне светол факел на трезвени моменти, кој ќе допринесе до нивно планетарно освестување и целосно менување на овој текст.

„Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното величество Кралицата Елизабета II.

Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.“