25 минути

Граѓаните заглавени низ лавиринтите на бирократијата: Дали воопшто ќе имаат греење?


Обврската за промена на договорите од БЕГ на ЕСМ лично на шалтер за сите што се греат на градско парно ги налути граѓаните. Оваа одлука беше донесена откако ЕСМ ги доби лиценците за парно греење во Скопје, кои пак пред неколку месеци му беа одземени на БЕГ бидејќи минатата зима не успеа да обезбеди гас за греење.

Меѓу нив беше и скопјанецот Лазар Петровски, кој редовно ги плаќа сметките за својот 40 квадратен стан и се обидел оваа обврска да ја заврши уште првиот ден, но обидот бил неуспешен, бидејќи не ги поседувал потребните документи кои му ги побарале од ЕСМ.

Покрај скопјанецот Петровски, 25 минути анкетираше уште неколку скопјани пред пунктот на БЕГ во Центар. Повеќето беа повозрасни граѓани, кои со лични карти и фактури чекаа да го потпишат новиот документ. Иако не им било потребно многу време, велат дека тие дошле да ја завршат својата должност кон ЕСМ иако не се убедени дека ќе имаат топли радијатори.

Покрај анкетираните граѓани, гости во 25 минути се Константин Димитров, професор на Машински факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Куштрим Рамадани, директор на Топлана Скопје – Север, и Тања Милевска, новинарка и дописничка за МИА од Брисел, Белгија.