25 минути

Сведоштва на студентите: домот „Стив Наумов“ им носи болести 

Здравствени проблеми на дишните патишта, инфекции и осипи на кожа се само дел од сериозните проблеми по здравјето меѓу студентите – станари во зградата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда. Причината поради која студентите се соочуваат со различни здравствени проблеми се нехуманите услови за живот кои настануваат поради системската негрижа за објектите.

25 минути ги истражува актуелните дилеми овој период – кој е одговорен за лошата состојба на студентските домови, зошто ниту една државна институција не презема соодветни мерки за да го заштити здравјето на студентите, но и зошто е дозволено овој проблем да се провлекува со години.

Гости во 25 минути се Виктор Велевски, директор на студентскиот дом „Стив Наумов“, Андреј Петров, студент кој живе во „Стив Наумов“, Иван Николовски, докторант на Централен европски универзитет (ЦЕУ), Виена, Австрија, и студент чиј идентитет останува анонимен.