Личности на годината оваа година, како и секоја претходна, години, децении наназад, а тоа се и векови, се секогаш луѓето кои прават сè, за да не ги забележиме дека постојат тука, само за нас, луѓето кои чесно и одговорно, со многу труд и мака го заработуваат своето парче леб.
Тие се секогаш невидливи, сметате на нив без да знаете дека се тука, тие никогаш не се наметнуваат, тие се онаа општествена социјална категорија која е најслабата, најкревката, неретко понижувана и омаловажувана, потценувана, но вистината е- тие иако се најтивките, всушност ни се најважните, најзаслужните што ние продолжуваме полесно да одиме низ животот, поспокојно и побезгрижно.
Не смееме да бидеме несвесни за нив, тие се луѓето кои ја бараат низ вековите нашата поддршка за подобар живот, оној нивниот- текстилните работнички и работници, ѓубреџиите, продавачките и продавачите, благајничките и благајниците, спасувачките екипи, пожарникарите. Тие секогаш биле нашите херои.
Не ги забораваме и нашите херои- здравствените работници, кои добиваа аплаузи многу ретко низ овие години од пандемијата, еднакво како и слаба финансиска поддршка. Добиваа и премалку благодарност и свесност за нивната храброст и пожртвуваност.
Ни спасуваа голи животи во време на пандемија која никако да заврши, се бореа за секој живот, за секое дишење и издишување до последниот здив, беа секогаш тука за нас, кога никого немавме да не утеши на респираторите, по болничките кревети или по ходниците, кога слушавме добри вести, а тогаш кога беа најтешките, тие биле единствените да пружат рака за последното збогување.
Во политичките турбуленции, безобразните манипулации и традиционалната превртливост на политичарите, тоа се луѓето за кои вреди да се бориме, секоја година, секој ден. Тоа се нашите херои.
Среќна Нова 2023.