25 минути

Речиси 90% од студентите не знаат каде да пријават корупција

Не само што анализите покажуваат дека учениците во државата не знаат каде да се обратат кога имаат конкретен проблем во однос на менталното здравје или да пријават појави кои им се чинат неприродни, реформите се неопходни во поглед на целата образовна структура, бидејќи учениците немаат ниту доверба во оние кои ги учат.

Гости во 25 минути се поранешниот виш просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, Лука Павичевиќ, лидер на Сојузот на средношколците, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, заменикот министер за образование Петар Атанасов, и Виолета Симјановска, професорка на Сибелиус Академија во Хелсинки.