Бунтот на пензионери се шири, се формира движење на отпор
Општо подобрување на пензискиот систем, адекватност на висината на пензиите, подобрена здраствена заштита на пензионерите и борба против пензионерската сиромаштија се четирите столбови врз кои незадоволните пензионери ќе излезат повторно на протест. Протестот ќе се одржи утре, на 6 јуни, пред седиштето на Сојузот на пензионери.
Како што вели Славко Лазовски, претседател на иницијативниот одбор на пензионерското движење „Тука сме“, отчетноста на луѓето кои ги управуваат пензионерските здруженија е на ниско ниво и тоа фрла сомнеж каде завршуваат парите кои се одделуваат за партиципација.
Гости во 25 минути се Арсим Хасани, директор на ПИОМ, Славко Лазовски и Војче Путовиќ од здружението „Тука сме“, и Тони Гламчевски, новинар и дописник за Македонско радио од Нанс, Франција.