25 минути

Македонците најмногу трошат за храна, во споредба со ЕУ земјите

Процентот кој македонските семејства го одвојуваат од семејниот буџет само за храна и безалкохолни пијалоци претставува многу сериозен трошок. Дури 47% од потрошувачката на домаќинствата е наменета само за основните потреби, храна и пијалоци, додека во ЕУ, просечно семејство троши околу 14,3% за оваа намена.

Сепак, и во ЕУ има разлики. Најголем дел од семејниот буџет за храна и безакохолни пијалоци се троши во Романија, а најмалку во Ирска каде се одвојуваат само 8,3 проценти за храна.

Ние сме далеку над европскиот просек, со оглед дека во нашата земја трошоците за основни потреби се далеку повисоки. Во една од публикациите на ДЗС е пресметано дека просечно домаќинство во Македонија наменува високи 68% од својата потрошувачка за основни потреби како храна, облека, домување и покуќнина.

Гости во 25 минути се Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и Флорен Жани-Катрис, професорка по економија на Универзитетот во Лил.