Функционери без квалификации, важни се партиските книшки
Функционери без соодветно образование, искуство, квалификации, многу често бирани во партиските штабови, додека конкурсите се формални, покритие кое прикрива и дека воопшто и не постои професионален натпревар и избор засновсн врз способности и вредности.
Еднакво така изгледа администрацијата- партизирана, неефикасна, огромна машинерија, која служи како клиентелистички инструмент, алатка во функција на изборите.
Во 2008 година беа усвоени 12 принципи на добро демократско владеење како дел од стратегијата за иновации и добро владеење на локално ниво, одобрена со одлука на Комитетот на министрите на Советот на Европа.
Тие покриваат прашања како што се етичко однесување, владеење на правото, ефикасност и ефективност, транспарентност, добро финансиско управување и одговорност. Овие 12 принципи служат како основа за доделување на Европската етикета за извонредност во управувањето (ELoGE) на локалните власти кои постигнале високо севкупно ниво на управување мерено со релевантни одредници.
Гости во 25 минути се Неда Малеска, директорка на “Центар за управување со промени” и Оливие Териен, експерт на Совет на Европа.