25 минути

Руте фаворит да биде следниот шеф на НАТО и покрај шокот од холандското гласање

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е јасен фаворит да стане следниот шеф на НАТО, иако шокантната победа на екстремната десница на изборите во неговата татковина ризикува да го наруши неговото наследство.
Повеќе дипломати го ставаат ветеранот многу пред другите кандидати — вклучувајќи ја естонската премиерка Каја Калас и највисокиот дипломат на Латвија Крисјанис Каринс – кои се обидуваат да ја преземат функцијата од актуелниот шеф на алијансата Јенс Столтенберг следната година.

Наследникот на Столтенберг, кому децениски мандат двапати му беше продолжен поради руската војна против Украина, се очекува да биде објавен пред самитот во Вашингтон во јули.

Откако самиот најпрво се изклучи за функцијата во НАТО претходниве години, Руте (56) сега е достапен по неговата ненадејна оставка ова лето.