25 минути

Екс австрискиот премиер Себастијан Курц доби осум месеци условна казна

По четиримесечно судење, поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е осуден на условна казна од осум месеци, поради давање на лажни изјави во парламентарната истрага за наводна корупција во неговата прва влада. Виенскиот суд утврди дека Курц имал поголемо влијание врз назначувањето на надзорниот одбор на државниот холдинг „Обаг“, отколку што тој признал пред истражниот комитет. Неговиот поранешен шеф на кабинет, Бернхард Бонели, е осуден на шест месеци затвор за истото дело. 

Во јуни во 2020 година, Курц беше обвинет за давање на лажни изјави за својата улога при основање на холдинг компанија која извршуваше одредени јавни работи, како и за именување на поранешниот близок соработник Томас Шмид во нејзиното раководство.