Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесоа измени на шест закони, за да се спречи зголемувањето на платите на функционерите. Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, на денешната прес-конференција информираше дека со овие законски измени ќе бидат опфатени околу 1.060 именувани и избрани лица.
Додаде дека коефициентите на платите на избраните и именуваните функционери засега остануваат на исто ниво.
-Да, испишањето на коефициентите би останало на исто ниво. Моментално, со овие измени, остануваме на истите плати, меѓутоа во поглед на тоа да бидеме во согласност со одредбите на Уставот на државата и со сите закони. Во Законот за пратеници во членот 29 став 2 се менува и гласи: „коефициентите на платите на пратениците изнесуваат од 3,4 до 3,92, а биле од 3,5 до 4,1.
И неслучајно почнувам со пратениците, бидејќи не е фер секогаш ние како пратеници да сме на удар на јавноста, а од друга страна станува збор за 120 пратеници, а зголемувањето на избрани и именувани функционери е 1.060. Направено е да не има драстично зголемување, бидејќи пред неколку дена Државниот завод за статистика излезе со проценки за просечната плата во државата и ова ќе значи енормно зголемување околу 15,3 проценти. Ние како одговорни политичари на СДСМ, нема да го дозволиме- вели Костовски.
Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата очекуваат поддршка од сите пратеници во македонското Собрание