Во вторник Комисијата за заштита од заразни болести најавува состанок, со цел да одлучи дали ќе има нови мерки по зголемувањето на бројката на новозаразени со голема кашлица.
Во меѓувреме, стабилна е здравствената состојба на осуммесечното доенче со потврден пертусис од Куманово кое е хоспитализирано на Универзитетската клиника за детски болести. Доенчето било невакцинирано, но е задржано заради следење на состојбата.
Комисијата одлучува дали ќе даде препорака до Државниот здравствен и санитарен инспекторат- да даде насоки на градинките за да направат список на вакцинирани и невакцинирани, но и да забранат прием на невакцинирани деца.