25 минути

Во Скопје 120 случаи на голема кашлица

Во вторник Комисијата за заштита од заразни болести најавува состанок, со цел да одлучи дали ќе има нови мерки по зголемувањето на бројката на новозаразени со голема кашлица.

Во меѓувреме, стабилна е здравствената состојба на осуммесечното доенче со потврден пертусис од Куманово кое е хоспитализирано на Универзитетската клиника за детски болести. Доенчето било невакцинирано, но е задржано заради следење на состојбата.

Комисијата одлучува дали ќе  даде препорака до Државниот здравствен и санитарен инспекторат- да даде насоки на градинките за да направат список на вакцинирани и невакцинирани, но и да забранат прием на невакцинирани деца.