Повеќе од сто илјади граѓани чии документи се неважечки, затоа што не го содржат новото уставно име, сепак ќе можат да гласаат на претстојните претседателски и парламентарни избори, одлучи Собранието, со 84 гласа “за” и двајца воздржани.
Освен тоа, сите полнолетни граѓани со лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите, еднакво ќе можат да да си гласаат- се работи за измена која според членот 38 важи само за остварување на правото на глас.
Измените се однесуваат и на гласање на граѓаните кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.