25 минути

Серија земјотреси во Црна Гора, најсилниот од 5,3 степени почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Црна Гора во 4,06 часот по локално време, кој беше почувствуван и во Македонија.

По овој земјотрес, според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, во Црна Гора се регистрирани уште триесетина помали потреси, а последниот е регистриран утрово во 7,05 часот по локално време на 15 километри североисточно од Билеќа, Босна и Херцеговина.