25 минути

Стевче Јакимовски за црната листа: Ми го прават истото што му го прават на Трамп

Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција доцна вечерва изјави дека ќе поднесе крививична пријава против непознато лице, по одлуката на САД да биде ставен на црната листа. Тој вели дека дека ова е директно мешање во изборниот процес.

„Ова е само потврда дека мојата политика е исправна и во одбрана на македонските национални интереси. Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер и срам Катица Јанева која правеше истраги и ништо не најде за мене. Колку предлогот на кодошите од Македонија бил студиозен покажува фактот, што мртвиот маж на Катица Јанева е ставен на црната листа, може да видите колку таа одлука е паушална. Ниту сум ранел ниту сум школувал деца со арам пари“, изјави вечерва Стевче Јакимовски

„Доналд Трамп има 113 кривични пријави, сценариото таму од длабоката држава е или да го оневозможи да учествува на изборите, да го стават во затвор или да го убијат. Истото сценарио се случува во Унгарија против Виктор Орбан против Вучиќ и против мене. Ова е директно мешање во внатрешните односи на Македонија во избор на претседател и тврдам дека не може никој да ни каже кој ќе ни ја води Македонија“, изјави Стевче Јакимовски.