Српскиот претседател Александар Вучиќ откако му забележаа дека ја честитал победата на рускиот претседател Владимир Путин, денеска во Брисел изјави дека ќе му честита на кого сака, бидејќи не е ничиј слуга, и дека прави се во најдобар интерес на Србија.
„Тоа е моја работа и ќе продолжам да ја работам, не сум никому слуга, повеќе ја сакам мојата земја отколку што било во светот и јас се однесувам како независен претседател на земја, таквите носат одлуки во најдобар интерес за себе и за своите граѓани“, изјави Вучиќ.