Европскиот комитет за социјални права (ЕЦСР) при Советот на Европа во евалуацијата за Македонија за периодот од 1 јануари 2018 год.-31 декември 2021 год., а кој се однесува на тоа дали и како ја спроведува Европската социјална повелба, нотираше дека е усогласена со 9 поглавја од Повелбата, но не е усогласена со 13.
Што се однесува до усогласеноста, таа се однесува на регулацијата на заштитата на децата, како и на мајчинството, потоа се споменуваат одредени работнички права на мигрантите, како и правото на организација на работниците.
Неусогласеноста пак, се нотира со регулацијата кога станува збор за големиот број на работни часови на мајките, минималната возраст за работа на децата, социјалната и економската заштита на семејствата и мајките и децата, но и на некои работнички права на мигрантите. Оваа неусогласеност е избор на самата земја- на Македонија, се вели во Извештајот-одредени работнички права на мигрантите, но и балансот на работа и животот за граѓаните кои се со семејства.