25 минути

Најмалку 40 мртви, 100 ранети, во концертна сала во Москва

Најмалку 40 мртви, а 100 се повредени откако напаѓачи отвориле оган во концертна сала во Москва, јавуваат руските државни медиуми.
Видео снимката од местото на нападот, местото на концертот на салата Крокус, го покажува огромниот комплекс, во кој се наоѓаат и музичката сала и трговскиот центар, во пламен со чад што се издигнува во воздухот. Државната РИА Новости објави дека вооружените лица „отвориле оган со автоматско оружје“ и „фрлиле граната или запалива бомба, што предизвикало оган“. Тие потоа „наводно избегале со бел автомобил Рено“, објави новинската агенција.