25 минути

Агелер: Имало преседани за уставни измени пред избор на влада, овде сè e возможно

“Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка влада. Една од работите кои јас ги научив служејќи овде е дека сè е возможно“, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ 21.

Зошто САД не им помага на властите овде и не им ги даде сите детали за лицата на црната листа?

На ова прашање денеска во студиото на ТВ21 во интервју за ТВ 21 одговори амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

“Зашто приватноста е загарантирана со законот на САД. Не можеме да ви ги дадеме доказите што ги имаме“вели амбасадорката Агелер.