25 минути

Голем одрон во Мостар, две лица полесно повредени

Две лица се повредени, а два автомобили завршиле во езеро, додека по третата кола се трага по големиот одрон кој се случи во Мостар (БИХ). Одронот се случил вчера во каменоломот во близина на Мостар.

Како што јавуваат босанските медиуми, избегната е трагедија „за влакно“ затоа што само неколку минути пред одронот, повредените биле на локацијата која е затрупана од одронот.