Се огласи на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за пожарот кој утрово ја зафати Универзална сала.
– Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме, порача Арсовска во објава на својот Фејсбук профил.
– Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од градот да потпише градба и продолжи било каква реализација. Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја превземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци мистериозно гори Универзална сала, наместо да се РЕВИДИРА што правел изведувачот, напиша Арсовска на ФБ, барајќи МВР итно да ги истражи последиците од пожарот.

Претходна објава