Костадиновска- Стојчевска: Во пожарот нема повредени и жртви, предизвикана е само материјалната штета
Нема жртви и нема повредени во денешниот пожар кој избувна во Универзалната сала во центарот на Скопје. Сепак, имаматеријална штета, за што ќе треба дополнително да се утврди колкава, пред да се продолжи со градба на објектот. Ова денеска пред опожарената Универзална сала го изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изјави дека откако и било јавено дека избувнал пожар во слата, веднаш се упатила на местото на настанот.
„Тука со нас се присутни претставници од надзорот, од изведувачите, од фирмата која ја гради Универзална сала. Апелирам за брзо расчистување за тоа кои се причините за пожарот. Апелирам и на тоа да не се шират шпекулации. Нема жртви, нема починати лица, целиот објект беше празен. Направена е материјална штета која што најбрзо ќе се утврди колкава е, пред да се продолжи со градба“, изјави министерката за култура