25 минути

Пак избувна пожар под скопско Кале

По неколку дена, пак избувна пожар кај стариот полигон под скопско Кале, како што јавуваат медиумите. Информациите говорат дека горат ѓубре и сува трева.
Како и минатиот пат, на местото на пожарот има паркирано неколку автомобили, но за разлика од тогаш, кога изгореа пет коли, засега нема такви информации.

Овој простор е затрупан со ѓубре и сува трева, но и покрај претходниот пожар, полигонот не беше исчистен, со што е предизвикан нов пожар.