О.Ј. Симпсон, поранешен великан на НФЛ, почина во средата на 76-годишна возраст во Лас Вегас по битка со ракот, соопшти неговото семејство, според ТМЗ. Тој беше опкружен со деца и внуци. За американските медиуми смртта ја потврди и неговиот адвокат.
О.Ј. последните години се бореше со рак на простата, а неговото здравје неодамна се влоши, поради што пред неколку месеци заврши во болница.
Нему во 90-тите му се судеше за двојното убиство на поранешната сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман, но беше ослободен. И покрај пресудата за невин, три години по кривичното судење на Симпсон, тој беше прогласен за одговорен во граѓанска тужба поднесена од семејствата на жртвите.