Припадници на црногорското Специјално полициско одделение (СПО) по налог на Специјалното државно обвинителство утрово ја привеле директорката на Агенцијата за спречување корупција, Јелена Перовиќ.
Според неофицијални информации, службениците одземена е документација за наводна злоупотреба на службеното возило, а Перовиќ ја однеле да сведочи на претресот на нејзиниот службен автомобил БМВ.
Специјалното обвинителство соопштило, како што јавуваат црногорските медиуми, дека Перовиќ е лишена од слобода поради сомнение дека во текот на минатата и до април годинава сторила продолжено кривично дело- злоупотреба на службената положба.