Изутринава, од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, во присуство на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски и останатите членови на ДИК, тргна гласачкиот изборен материјал за претседателските избори до сите 80 општински изборни комисии.
За претседателските избори отпечатени се вкупно 1.814.000 ливчиња, колку што се евидентирани гласачи во Избирачкиот список.