Компанијата ТикТок остро протестира доколку стапи во сила одлуката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за забрана на платформата- тие сметаат дека би претставувало повреда на слободата на говорот за повеќе од 170 милиони Американци кои ја користат.
Американскиот Конгрес во саботата усвои закон со кој се предвидува забрана на оваа исклучиво популарна социјална мрежа за споделување кратки видеа. Потегот на Конгресот е со услов- прекин, доколку сопственикот на оваа платформа не ги прекине односите со Кина.