Македонија денеска одбележува 23 години од масакрот кај селото Вејце, кога во конфликтот во 2001 година, беа убиени осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од припадници на терористичката паравоена формација ОНА.
Во спомен и чест на бранителот Бобан Трајковски- еден од убиените во масакрот, во Куманово е откриен мурал со неговиот лик, од здружението СИЛА- тие се надеваат дека општината ќе именува улица или можеби друг објект, во чест на бранителот, кој го даде животот за државата.
Местото на масакрот го посети Стојанче Ангелов, кој изјави дека очекува по конституирањето на новиот Парламент да се усвојат измените на Законот за бранителите, поднесен во Собранието, за да се исправи долгогодишната неправда кон бранителите и нивните семјества.
Претходна објава
Следна објава